Линкови за пристапност

Најмалку 52 загинати во заложничка драма во Багдад


Најмалку 52 загинати во заложничка драма во Багдад

Ирачките безбедносни сили упаднале во црквата, неколку часа откако милитантите држеле како заложници повеќе од 100 лица

Ирачки официјални лица јавија дека 52 лица, вклучувајќи и најмалку 30 верници се меѓу загинатите во крвавата заложничка драма во христијанска црква во Багдад. Папата Бенедикт во понеделник се огласи во врска со настанот, повикувајќи го светот да помогне во донесување мир во регионот.

Ирачките безбедносни сили упаднале во црквата, неколку часа откако милитантите држеле како заложници повеќе од 100 лица.

Нејасно е колку лица од милитантите се убиени, а колку загинале за време на операцијата за нивно спасување.

Официјални лица потврдија дека 70 лица се повредени.

Преживеаните велат дека милитантите влегле со автоматско оружје и веднаш застрелале еден од свештениците.

Ирачки парламентарец со христијанско потекло на репортерите им рекол дека најмалку 25 верници загинале поради „недостаток од професионализам“ во време на ослободување на заложниците. Но, министерот за одбрана Абдел Ќадер ал-Обеиди го бранеше упадот во црквата, истакнувајќи дека напаѓачите ќе почнале со убивање на заложниците.

Продолжената рака на Ал-Каида во земјата – „Исламската држава на Ирак“, ја презеде одговорноста за нападот.

Милитантите сакале на овој начин да обезбедат ослободување на свои луѓе од затворите во Ирак и Египет

XS
SM
MD
LG