Линкови за пристапност

Обама: САД ќе ги повлечат борбените трупи од Ирак според предвиденото


Обама: САД ќе ги повлечат борбените трупи од Ирак според предвиденото
Обама: САД ќе ги повлечат борбените трупи од Ирак според предвиденото

Официјални лица од администрацијата рекоа дека на 31-ви август ќе заврши операцијата Слобода за Ирак, лансирана од поранешниот претседател Џорџ Буш

Американскиот претседател Барак Обама пред група ветерани-инвалиди во Атланта, Џорџија, рече дека САД ќе стават крај на борбената мисија во Ирак, како што е предвидено до 31-ви август.

Обама рече дека неговата администрација ќе врати дома околу 90.000 војници од Ирак до крајот на месецот.

Официјални лица од администрацијата рекоа дека на 31-ви август ќе заврши операцијата Слобода за Ирак, лансирана од поранешниот претседател Џорџ Буш. Новата мисија ќе го носи името Операција Нова зора, при што американските војници ќе се фокусираат на обука на ирачки војници и изведување против-терористички операции.

50.000 американски војници ќе останат во Ирак во рамки на транзициските сили.

Претседателот рече дека негова цел е се доведат дома сите војници од Ирак до крајот на 2011-та, при што „воените напори од војниците ќе се префрлат на цивилните на чело со дипломатите“.

Обама додаде дека е благодарен, за како што кажа, извонредната служба на новата генерација американски лидери. Тој ги потсети Американците дека кога војниците ќе заминат од Ирак, други ќе бидат се` уште распоредени во Авганистан.

Обама кажа дека како претседател тој одбива да им дозволи на Ал-Каида и други терористички организации да го направат Авганистан место за планирање идни напади.

Водечкиот републиканец во Сенатот, Мич Меконел ги пофали коментарите на претседателот, но потсети дека тој само ја присвоил и продолжил политиката на Џорџ Буш чија администрација зацртала намалување на бројката војници во Ирак на 50.000.

XS
SM
MD
LG