Во серија најверојатно координирани бомбашки напади ширум Ирак загинаа најмалку 38 лица.
Насилството беше насочено кон ирачките безбедносни сили во време кога САД и официјално се подготвуваат да означат крај на борбените операции.
Полицијата пренесе дека бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот во автомобилот во Багдад, при што загинале најмалку 15 лица, а повредени се 50.
Во градот Кут, јужен Ирак, друг бомбаш самоубиец уби 20 луѓе, а беа повредени најмалку 70, повеќето од нив полицајци.
Други напади се случија во градови во северен и јужен Ирак, вклучувајќи ги Киркук, Бухиз, Карбала и Басра.
Неодамнешниот бран насилство се совпаѓа со повлекувањето на американските борбени сили во Ирак.
Цел на напади се ирачки безбедносни сили.