Линкови за пристапност

Последната борбена бригада го напушти Ирак


Владата на претседателот Барак Обама го постави 31-ви август како краен рок за завршување на борбените операции во земјата

И последната борбена бригада на американската армија го напушти Ирак. Владата на претседателот Барак Обама го постави 31-ви август како краен рок за завршување на борбените операции во земјата.

По повлекувањето во Ирак ќе останат околу 50.000 американски војници кои ќе служат како транзициона сила. Нивна задача ќе биде обука на ирачките војници и вршење на анти-терористички операции.

Американските сили во Ирак беа стационирани над седум години во рамки на операцијата Ирачка слобода што ја започна поранешниот претседател Џорџ В. Буш.

XS
SM
MD
LG