Линкови за пристапност

Новиот американски амбасадор пристигна во Ирак


In
In

Џефри е дипломат од кариера и е поранешен амбасадор во Турција.

Официјални ирачки лица на свечена церемонија во Багдад во поздравија новиот американски мабасадор во Ирак, Џејмс Џефри.

Амбасадорот ги предаде дипломатските акредитиви на ирачкиот претседател Џалал Талабани и на шефот за надворешни работи Хошијар Зебари.

Џефри е дипломат од кариера и е поранешен амбасадор во Турција. Претходно работел и како специјален советник на Стејт департментот за Ирак и како заменик шеф на мисијата во Багдад.

Џефри беше именуван на ирачката позиција од американскиот Сенат претходно месецот. Неговото доаѓање во земјата доаѓа две недели пред најавено повлекување на американските борбени сили во Ирак како и во време на застој во политичкиот процес врз формирањето владејачка коалиона влада.

Џефри го заменува Кристофер Хил, кој се пензионира во Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG