Линкови за пристапност

61 загинати пред регрутен центар во Ирак


Претставник од министерството за внатрешни работи рече дека напаѓачот целел на армиски регрути во главниот град.

Ирачки официјални лица јавија дека најмалку 61 лица загинаа, а повеќе од 125 се повредени во самоубиствен бомбашки напад пред армиски регрутен центар во Багдад.

Претставник од министерството за внатрешни работи рече дека напаѓачот целел на армиски регрути во главниот град.

Нападот се смета за најсмртоносен од почетокот на светиот месец Рамазан пред една недела.

Експлозијата врз поранешната зграда на министерството за одбрана во времето на Садам Хусеин е последна од серијата напади со кои се тестира решителноста на домашните сили во време кога американските сили се подготвуваат да стават крај на борбените операции на крајот од месецот.

Официјални претставници од Белата куќа минатата недела рекоа дека САД се` според плановите да ја завршат борбената мисија на крајот до август. Во Ирак ќе останат 50.000 американски војници кои ќе служат како транзициска сила.

XS
SM
MD
LG