Првиот човек на агенцијата на ОН за атомска енергија ( ИАЕА) вели дека очекува Иран многу брзо да го потпише договорот со кој ќе им овозможи на инспекција на постројките, за кои има сомневање дека се користат за прикривање на програмата за развој на нуклеарно оружје.
Шефот на агенцијата, Јукија Амано, коментираше по враќањето во Виена по кусата посета каде се сретнал со првиот човек на преговарачкиот тим Сааед Џалили. Амано рече дека тој и Џалили се “договориле да склучат договор“ за влез на инспектори од ОН во иранските постројки, вклучувајќи го и армискиот комплекс Парчин.
Западните сили се сомневаат дека Иран е вклучен во производство на нуклеарна енергија. Техеран вели дека Парчин е конвенционална фабрика за производство на оружје и инсистира дека иранската нукеларна програма е за мирољубиви цели.