Линкови за пристапност

Нуклеарните разговори не донесоа резултат


Разговорите меѓу Иран и шест светски сили во Женева за нуклеарната програма на Техеран пропаднаа викендов

Шефот на ОН за нуклеарни прашања Јукија Амано е во Иран за најнова средба од серијата разговори во врска со нуклеарната програма на Иран.

Неговите средби со претставници во понеделник во Техеран уследија по денови независни разговори меѓу Иран и група западни држави исто така со цел да добијат гаранции дека Иран не развива нуклеарно оружје.

Неколкудневните разговори завршија во Женева во неделата без постигнување договор, откако Франција изрази загриженост дека предложениот договор не оди доволно далеку во лимитирање на нуклеарните напори на Иран.

Американскиот државен секретар Џон Кери за НБЦ телевизијата кажа дека администрацијата на Обама е определена секаков договор со Иран да биде „добар договор“.

САД, Британија, Франција, Кина, Русија и Германија сакаат да го убедат Иран да ја суспендира работата што може да води кон изградба на нуклеарно оружје во замена за олеснување на некои санкции против Иран.
XS
SM
MD
LG