Линкови за пристапност

САД негираат вмешаност во убиството на иранскиот научник


САД негираат вмешаност во убиството на иранскиот научник
САД негираат вмешаност во убиството на иранскиот научник

Белата куќа вели дека нема ништо со убиството на Мостафа Ахмади Роша и дека САД осудуваат секакво насилство

САД негираат било каква улога во убиството на иранскиот научник за нуклеарна програма во Техеран.

Портпаролот на Белата куќа Томи Виетор изјави дека САД „немаат апсолутно ништо“ со експлозијата во која бил убиен Мостафа Ахмади Роша и рече дека САД енергично го осудуваат нападот и сите акти на насилство.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го повтори ставот од Белата куќа:

„Категорично негирам дека САД учествувале во било каков акт на насилство во Иран“, рече таа.

Иранските медиуми пренесоа дека двајца неидентификувани лица на моторцикл закачиле магнетна бомба на автомобилот на научникот Роша, при што го убиле заедно со неговиот возач, а еден случаен минувач е повреден.

Иран за нападот ги обвини Израел и САД. Иранскиот потпретседател Мохамад Реза Рахими рече дека инцидентот нема да ја одврати земјата од напредокот на нуклеарните активности.

Израел, како и САД, негираше вклученост врз атентатот на иранскиот научник.

XS
SM
MD
LG