Линкови за пристапност

Што е следно за иранскиот нуклеарен договор?


Изминаа 90 дена од одобрувањето на договорот од страна на Советот за безбедност што за Иран значи кревање на санкциите. Што сега?

САД и ЕУ во неделата презедоа формално-правни чекори, таканаречениот Ден за прифаќање на заедничкиот сеопфатен акционен план (ЈЦПОА), кој ќе ги укине санкциите штом Иран исполни одредени услови поврзани со склучениот нуклеарен договор со големите светски сили.

На 19-ти октомври се одбележаа 90 дена откако Советот за безбедност на ОН го одобри Заедничкиот сеопфатен акционен план, постигнат меѓу САД, Германија, Британија, Франција, Русија и Кина, во кој е изразена согласност за укинување на санкциите против Иран во замена за запирање на програмата за која Западот има сомневање дека има цел да стаса до нуклеарна бомба.

Ден на прифаќање: Тоа значи дека шесте светски сили вклучени процесот почнаа со преземање чекори согласно договорот, вклучувајќи и издавање на писмено откажување врз иранските нуклеарни санкции. Иран започна чекори за ограничување на нуклеарната програма.

Ден на имплементација: Нема цврст датум кога договорот всушност ќе влезе во сила. Ќе биде финализиран кога Иран ќе покаже на Меѓународната агенција за атомска енергија дека ја ограничил нуклеарната програма, како што ветил. Иран објави дека ќе може да излезе во пресрет на барањата до крајот на годината. Западни официјални лица велат дека најверојатно ќе треба повеќе време за такво нешто, веројатно, шест до девет месеци.

Што мора Иран да стори: Иран мора да и` докаже на Меѓународната агенција за атомска енергија дека ги намалил залихите со збогатен ураниум, уништил две-третини од центрифугите, ја запрел изградбата на нуклеарните постројки и подготвил терен за инспекторите на агенцијата непречено да вршат надзор.

Што мора да сторат шесте светски сили? Штом Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Иран се придржува до обврските, САД и ЕУ ќе укинат многу од нивните санкции од 2012-та поврзани со нуклеарниот потенцијал на Иран, а кои претежно се однесуваа на извозот на иранска нафта и меѓународни финасиски трансакции.

Во години што следат: Ембаргото на ОН врз Иран за конвенционално оружје ќе биде укинато во следните пет години, а ембаргото за балистички проектили – за осум години.

XS
SM
MD
LG