Иран смета дека САД треба да ги прифатат последиците од уривањето на своето беспилотно набљудувачко летало на иранска територија.
Какво летало фати Иран?
|
Владата на претседателот Барак Обама упати официјално барање Иран да го врати леталото, но портпаролот на Иранското министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст денес изјави дека наместо тоа, САД треба да се извинат.
Иран веќе поднесе жалба до ОН за инцидентот, а властите во Техеран денес го повторија ставот дека САД го прекршиле меѓународното право.
Американскиот претседател Барак Обама на вчерашната прес-конференција одби да коментира за случајот со облазложение дека се работи за „разузнавачки работи што се водат како доверливи информации“. Според новинските извештаи, беспилотното летало со напредната технологија за снимање или залутало во иранскиот воздушен простор од Авганистан, или пак ја шпионирало нуклеарната програма на Иран.
Обама кажа дека САД побарале леталото да биде вратено и дека ќе видат каков ќе биде одговорот од Иранците. Државната секретарка Хилари Клинтон, пак, наведувајќи го досегашното однесување на Иран, рече дека САД не очекуваат властите во Техеран да го послушаат барањето.