Линкови за пристапност

Иран ги повика Русија и САД да го прифатат нуклеарниот договор


Во телевизиски говор средата, Ахмединеџад го окарактеризира договорот како „историска можност“

Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад ги повика САД и Русија да го прифатат договорот за размена на нуклеарно гориво, предупредувајќи дека тоа e последна шанса за решавање на иранското нуклеарно прашање.

Во телевизиски говор средата, Ахмединеџад го окарактеризира договорот како „историска можност“ за американскиот претседател Барак Обама.

Американската влада го отфрли предлогот што предвидува Иран да испраќа дел од својот ниско збогатен ураниум во Турција, во размена за нуклеарно гориво од повисок степен за потребите на медицински истражувачки реактор во Техеран.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека се работи за „провиден маневар“ со кој Иран сака да ги избегне санкциите на Советот за безбедност на ОН.

Ахмадинеџад во говорот ја критикуваше Русија што ги поддржува новите санкции на Советот, обвинувајќи ја официјална Москва дека потклекнала пред американсккиот притисок.

Рускиот советник за надворешна политика Сергеј Прихотко ја отфрли, како што ја нарече, иранската политичка демагогија и подвлече дека Русија секогаш реагира според сопствениот национален интерес.

XS
SM
MD
LG