Линкови за пристапност

Иран даде детали за нуклеарниот договор со ИАЕА


Иран даде детали за нуклеарниот договор со ИАЕА
Иран даде детали за нуклеарниот договор со ИАЕА

Иранската државна агенција – ИРНА објави делови од содржината на писмото

Иран поднесе писмо до Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН – ИАЕА во кое наведува детали за договорот за испраќање на дел од својот збогатен ураниум во Турција.

Во писмото што Техеран го достави во понеделникот се посочува планот да испрати 1.200 килограми ниско збогатен ураниум за Турција на понатамошна обработка, за потребите на медицински истражувачки реактор во Техеран.

Иранската државна агенција – ИРНА објави делови од содржината на писмото. Таа наведува дека според договорот, ниско збогатениот ураниум останува сопственост на Техеран додека се наоѓа во Турција. Понатаму се вели дека Иран и меѓународните агенција би можеле да стационираат „набљудувачи“ во Турција што ќе го контролираат „безбедното чување“ на ураниумот.

Писмото ја оценува размената на нуклеарното гориво како „почеток“ на соработката со други земји, како и дека треба да доведе „позитивна интеракција“ што треба да ги замени и одбегне конфронтациите за кои се вели дека би можеле да наштетат на „правата и обврските“ на Техеран согласно договорот за спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

XS
SM
MD
LG