Линкови за пристапност

„Ангелски“ инвеститори


„Ангелски“ инвеститори
„Ангелски“ инвеститори

Фармерите Кристи и Кит Кислер гордо тураат примероци од нивната јаболковина и овошни ликери во барот за дегустирање

Еден од начините на кои американските инвеститори избегнуваат големи загуби на пазарот на акции е преку несекојдневно, алтернативно инвестирање во мали фарми и прехрамбени бизниси. Овие таканаречени „ангелски“ инвеститори организираат неформални мрежи што овозможуваат пари за локални производители на кои непходно им е потребна готовина.

Фармерите Кристи и Кит Кислер гордо тураат примероци од нивната јаболковина и овошни ликери во барот за дегустирање на малата фарма што произведува на природен начин. Пред само четири години, Кислерови не беа ни сигурни дека ќе можат да ја задржат фармата, а камоли да се впуштат во нова бизнис-авантура.

„Немавме приход, готовина, а можеби и смелост да се обратиме до банка во тоа време“, вели Кристи.

Локално инвестирање

Во исто време, Стив Мур, кој се пензионирал откако остварил профит во бизнис со компјутерски софтвер, трагал по алтернативи во инвесирањето.

„Започнав да размислувам каде на друго место би можел да ги вложам парите и да добијам разумна сума назад, а и каде вратеното би било поцелосно дефинирано отколку само од тоа колку пари би можел да добијам“, вели Мур.

Мур се запознал со Кеслерови преку обостран познајник. Седнале на иста маса и се договориле за условите за заем од 205.000 долари. Мур не побарал камата, но затоа добил малцински удел во бизнисот со производство на јаболковина.

За Кислерови, тоа што нашле „ангелски“ инвеститор е еднакво на чудо, но Мур поинаку гледа на ситуацијата:

„Ова не е добротворна донација. Не им подарувам пари и за тоа нема да добијам даночно олеснување. Јас. Практично, целосно добивам назад од она што сум го вложил, плус удел во бизнисот со јаболковина“.

Клуб ЛИОН

Мур е еден од основачите на организацијата од западниот дел на сојузната држава Вашингтон, наречена Мрежа за локални инвестициони можности, или, скратено на англиски – ЛИОН. Вели, членовите имале различни причини да се приклучат:

„Сакаа да излезат од Вол Стрит. Сакаа да ги направат своите инвестиции поразновидни, или пак сакаа да ги зајакнат локалните заедници“.

Членовите на ЛИОН заедно ги разгледуваат барањата за инвестирање, но секој член има право самиот да одлучи дали ќе даде пари или не.

Нормално, има и ризици. Повеќето кредити не се осигурани, што значи нема колатерал. Инвестициите се долгорочни и ликвидни, така што инвеститорите не може да ги земат своите пари одеднаш и набрзина. Исто така, нема регулаторна контрола, бидејќи ова се се` приватни трансакции.

Па сепак, според Мур, ЛИОН покажува дека се` повеќе луѓе се подготвени буквално да постапат по старата пословица – стави ги своите пари онаму каде е твојата уста.

XS
SM
MD
LG