Линкови за пристапност

Европол: исламистички групи активни во Европа


Европол: исламистички групи активни во Европа
Европол: исламистички групи активни во Европа

Американски владин претставник за Гласот на Америка рече дека актуелната закана е веродостојна, но не и конкретна

Првиот човек на европската полиција предупреди дека исламистичките терористички групи се активни во Европа.

Директорот на Европол Роб Вајнрајт четвртокот рече дека опаѓањето на бројот на напади во Европа ја сокрива реалноста дека исламистичките милитантни групи се` уште се активни и оти заканите од напади „се` уште се реални“.

Вајнрајт реагираше на извештаите дека разузнавачки лица осуетиле терористички заговор за напади во повеќе европски градови. Западни разузнавачи соопштија дека имаат информации дека терористичките групи оперираат од племенските региони во Пакистан каде владее беззаконие.

Американски владин претставник за Гласот на Америка рече дека актуелната закана е веродостојна, но не и конкретна.

XS
SM
MD
LG