Хјуман рајтс воч го повика Меѓународниот кривичен суд да се држи повеќе до неговите стандарди на независност и непристрасност.
Денешниот извештај на 50 страници содржи ревизија на првите пет истраги што ги спровел меѓународниот кривичен суд од неговото формирање во 2002-ра.
Извештајот посочува дека меѓународниот трибунал честопати ги “одминува клучните сторители на воени злосторства“.
Конкретно, извештајот вели дека истрагата на судот во Демократската република Конго и во Уганда не резултирале со обвиненија против владини официјални лица одговорни за извршување кршење на човекови права. Извештајот заклучува дека тоа и` штети на перцепцијата за независност и непристрасноста на судот.
Извештајот наведува дека судот покренал обвинение само против еден виш владин претставник за време на истрагата во Централната африканска република и за наводните злосторства на суданската влада во Дарфур.
Хјуман рајтс воч во извештајот позитивно се осврнува на неодамнешната истрага на Судот во Кенија. На почетокот од месецот, судот отворил постапка за распит на тројца од шестмина кениски политичари и бизнисмени кои се обвинети дека ги организирале пост-изборните немири во 2007-ма. Извештајот посочува дека кениската истрага претставува „ добредојдена промена од досегашната пракса“.