Линкови за пристапност

Колегите и обожавателите жалат по Ден Велдон


Колегите и обожавателите жалат по Ден Велдон
Колегите и обожавателите жалат по Ден Велдон

Возачот во ИндиКар-трките загина во страотен верижен судир на 15 болиди

Британскиот возач на тркачки автомобили Ден Велдон загина во страотен судир на 15 болиди за време на трка од серијата ИндиКар во Лас Вегас.

33-годишниот ветеран им подлегна на повредите од судирот во 12-от круг од трката на 483 километри. Тројца други возачи се повредени, меѓу нив и Вил Пауер, конкурентот за освојување на шампионската титула во ИндиКар.

Велдон двапати се искачил на победничкиот пиедестал на престижната трка Индијанаполис 500, вклучувајќи ја и годинешнава.

Тој беше оженет и татко на две деца.

Ова е втора жртва во ИндиКар-трките од 2006-та, кога во слична несреќа загина Пол Дејна.

XS
SM
MD
LG