Линкови за пристапност

Укината опасноста од цунами по земјотресите во Индонезија


Нема извештаи за жртви по потресите со јачина од 8,6 и 8.2.

Властите ја укинаа опасноста од цунами во Индискиот Океан, само неколку часа по земјотресот од 8,6 степени што денес го погоди северозападното крајбрежје на Индонезија.

Епицентарот на земјотресот бил на 430 километри југозападно од Банда Ачех, главниот и најголем град на покраината Ачех. Два часа по првиот, се случи и втор земјотрес, со јачина од 8.2 степена.

Американскиот пацифички центар за тревога од цунами издаде предупредување за неколку земји во регионот по првиот потрес. Подоцна соопшти дека заканата се намалила или минала за најголемиот дел од областите, повикувајќи се на мерењата на нивото на водата. Сеизмолошки стручњак кажа дека земјотресот бил хоризонтален, што носи помал ризик од раздвижување на водата во цунами.

Во 2004-та, земјотрес од 9.1 степен, приближно во истата област, во близина на индонезискиот остров Суматра, предизвика цунами во Индискиот Океан што уби приближно 230.000 лица, од кои половината во покраината Ачех.

Денешниот земјотрес бил со речиси иста длабочина како оној во 2004-та и наводно се почувствувал се` до Синагпур, Тајланд и Индија.

Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудојоно изјави дека ситуацијата во Ачех е под контрола и дека нема директна опасност од цунами. Засега нема извештаи за жртви, но на некои места во покраината привремено прекинала доставата на електрична енергија. Потресите предизвикаа паника меѓу жителите на Ачех кои ги преполнија улиците.

XS
SM
MD
LG