Линкови за пристапност

Денес, кога станувам граѓанин на САД...


Денес, кога станувам граѓанин на САД...
Денес, кога станувам граѓанин на САД...

Новите жители дадоа заклетва дека ќе бидат лојални на САД, Уставот и законите.

Непосредно пред роденденот на САД – 4-ти јули, Денот на независноста, илјадници имигранти неподнесоа заклетва на цереномија во Лос Анџелес. Се собраа во големиот Центар за конвенции, 3.000 претпадне, 3.000 попладне. И млади, и стари. Од Мексико, Филипините, Иран, се на се` од преку 110 држави. Некои живеат во САД со децении како привремени жители.

“Државјанството ми значи да се чувствувам како дел од оваа земја. Почестен сум, возбуден“, раскажува Жанг Чиан е од Кина, во САД веќе пет години.

Новите жители дадоа заклетва дека ќе бидат лојални на САД, Уставот и законите. Зигмонф Бала во име на семејството вели:

„Голема благодарност што ни дозволивте да се преселиме во оваа земја. Горди сме што стануваме американски државјани“.

Некои кои добија државјанство веќе служат во американската армија. Други, пак, се во брак со припадници на вооружените сили.

Многумина се полни со гордост, како Салвадор Алкала, родум од Мексико.

„Затоа што сме слободна земја“, куско коментира.

По заклетвата, учесниците добиваат сертификати за статусот - американски државјани. Покрај знамињата, најчест реквизит на церемонијата беше камерата – бранови од блицови го овековечија настанот.

XS
SM
MD
LG