Линкови за пристапност

ММФ: Задолженоста го задушува економското опоравување


ММФ: Задолженоста го задушува економското опоравување
ММФ: Задолженоста го задушува економското опоравување

Директорката Кристин Лагард истакна дека економската реформа е се` уште можна, но дека станува се` потешко

Во Вашингтон, директорката на ММФ Кристин Лагард рече дека економиите со проблеми имаат помалку ресурси отколку што имале на почетокот од кризата во 2008-ма.

Лагард рече дека светската економија е во опасна фаза и оти земјите треба работат во духот на соработка кој им помогна на големите економии да преземат мерки во екот на финансиската криза.

Лагард на новинарите им рече дека соработката е уште поважна затоа што многу држави имаат осиромашени финасиски ресурси со кои треба да се справат со бавниот растеж и другите економски проблеми:

„Има пат за обнова. Потесен е од пред три години кога прв пат не` погоди светската криза, но, сепак постои пат“, рече Лагард.

Таа зборуваше пред министрите за финансии и гувернерите од централните банки од 187-те членки кои се собраа годишните средби во Вашингтон, во кои се вклучени и разговори со Светската банка. Таа рече дека земјите со ниски примања полесно ја минаа кризата од 2008-ма отколку некои од богатите држави. Таа понуди помош од ММФ за реизградба на финансиските ресурси за справување со идни проблеми.

Шефицата на ММФ рече дека економиите во развој треба повеќе да се фокусираат на растеж на домашните пазари отколку на извоз. Лагард рече дека владите во богатите земји мора да обезбедат политичка волја за решавање на проблемите со задолженоста кои претставуваат потенцијална економска закана:

„Ако ги анализираме напредните држави, ќе забележиме огромна задолженост на секое ниво што го задушува опоравувањето“, рече таа.

Проблемите со грчката задолженост, на пример, предизвикува загрижност кај инвеститорите на финансиските пазари затоа што неможноста за исплаќање на долговите може да се одрази врз банките во Европа. Грчката криза донесе загриженост и за неможноста за исплаќање на долговите во Италија, Шпанија и Португалија.

Кризата со задолженоста го погоди и секторот со отварање нови работни места затоа што банките се порезервирани за давање кредити со кои бизнисите може да купат нова опрема или да вработат нови работници.

Лагард рече дека официјалните владини лица и банкарите мора да најдат начини да им помогнат на банките, особено на европските, кои ги потрошија финасиските резерви со кои може да се справат со идни финансиски потреси.

XS
SM
MD
LG