Линкови за пристапност

ЕУ врши истрага за „кризните“ даноци на Унгарија


ЕУ врши истрага за „кризните“ даноци на Унгарија

Истрагата уследи во исто време кога Унгарија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство на ЕУ

Европската Унија ја испитува легалноста на специјалните даноци што членката Унгарија ги воведе за неколку странски инвеститори со цел да ја исполни целта за намалување на сопствениот буцетскиот дефицит.

Истрагата уследи во исто време кога Унгарија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство на ЕУ.

Критичарите на даноците, вклучувајќи и 13 странски фирми, велат дека владата на премиерот Виктор Орбан користи одредени сектори и странски компании за да го балансира државниот буџет.

Портпаролот на ЕУ Оливер Бејли денес соопшти дека за случајот се води истрага, како и дека Европската комисија минатиот октомври побарала од унгарската влада да објасни зошто се воведени дополнителни даноци во телекомуникациониот сектор, малопродажбата и енергетиката.

Унгарија, која го презеде претседателствувањето со ЕУ во неделата, веќе е на тапет од меѓународната критика за новиот закон за медиумите, кој и` овозможува на владата да одлучи дали членови на медиумите ги прекршиле правилата на „балансирано“ и „морално“ известување.

XS
SM
MD
LG