Претседателот на Венецуела Хуго Чавез кажа дека ќе продолжи со курсот на левичарска политика откако беше реизбран на функцијата по неделното гласање.
Според официјалните резултати, Чавез освои повеќе од 54 проценти од гласовите, додека неговиот опонент Хенрике Каприлес освои 45 проценти.
„Искрено, ова беше една совршена демократска битка“, рече Чавез во обраќањето од балконот на претседателската палата во Каракас. „Венецуела ќе продолжи со патот на демократски и боливарски социјализам на 21-от век“, рече тој.
За време на говорот, Чавез држеше реплика на мечот користен од херојот на борбата за независност од 19-от век, армискиот лидер Симон Боливар.
Каприлес го прифати поразот и се заложи дека ќе продолжи да работи во интерес на Венецуела.
Претседателите Раул Кастро од Куба, Иво Моралес од Боливија, Рафаел Кореа од Еквадор, Кристина Фернандез од Аргентина и белорускиот претседател Александер Лукашенко беа меѓу првите светски лидери кои му честитаа на Чавез на изборната победа.
Аналитичарите вчерашното гласање го оценија како најтешка изборна победа за Чавез со која се соочил во речиси 14-те години на власт.
Чавез освои 63 проценти од гласањето на претседателските избори во 2006-та.
Голема тема на кампањата беше здравјето на претседателот. 57-годишниот Чавез вели дека е целосно опоравен од ракот кој му беше откриен пред една година. Јавноста се` уште не знае детали за природата на болеста.
Претседателот на Венецуела важи за гласен критичар на САД и поддржувач на анти-американските влади ширум светот. Тој троши милијарди долари од парите од венецуелската нафта на социјални програми.
Изборната комисија на Венецуела истакна дека 81 процент од речиси 19 милиони регистрирани гласачи излегле на гласањето во неделата. Чавез добил, 7,4 милиони гласови, а неговиот опонент Каприлес 1,2 милиони гласови.