Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Научнофантастичниот Вулверин со Хју Џекман најгледан филм викендов

Најгледан филм викендов со 55 милиони долари од влезници е научнофантастичниот „Вулверин“ (Wolverine) со Хју Џекман. На второ место е хоророт „Повикување“ (The Conjuring), кој заработи над 22 милиони. Анимираниот „Подлиот јас 2“, (Despicable me 2) се` уште е популарен - на третото место со 16 милиони.

***
Нил Патрик Харис, Џорџ Лопез и Бритни Спирс се меѓу оние кои ги позајмија гласовите во анимираниот филм „Штрумфови 2“. Во продолжението, Штрумфовите се обидуваат да ја спасат Штрумфета, грабната од Гаргамел. Гласот на Штрумфета е на пејачката Кејти Пери.

„Штрумфови 2“ ширум кино-салите во САД ќе се започне да се прикажува на 31-ви јули.
XS
SM
MD
LG