„12 години роб“ прогласен за најдобар филм во жанрот драма на 71-вото по ред доделување на наградите Златен глобус. Најдобри актери: Кејт Бланшет во женска за „Тажната Џесмин“ и Метју Меконахеј во машка конкуренција, за „Клубот на купувачи Далас“.
Меѓу почестените и Џенифер Лоренс, Леонардо ди Каприо, Робин Рајт, ветераните Мајкл Даглас и Џон Војт, а водители, како и лани, комичарките Тина Фек и Ејми Поулер.
***
Силверстер Сталоне вели - не го разбираат. Иако напишал сценарија за над 20 филмови, а режирал осум, 67-годишникот во интервју се жали дека гледачите се` уште го сметаат само за - мускулестиот Рамбо.
***
Воената драма „Единствениот преживеан“ викендов продаде највеќе влезници во кино-салите: заработи 38,5 милиони долари на премиерата.
Анимираниот „Замрзнати“ е на второто, а „Волкот од Вол Стрит“ со Леонардо ди Каприо на третото место.