Линкови за пристапност

Холивуд во минута


Холивуд во минута
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:55 0:00

Холивуд во минута

Почина Џејмс Гарнер * Семејството тврди дека не знае каде е погребан Кејси Кејсем * Најгледани филмови викендов

На 86 години почина Џејмс Гарнер, холивудската ѕвезда позната по добриот изглед и шармот како коцкарот Брет Маверик во истоимената вестерн ТВ-серија, и приватниот детектив Џим Рокфорд во серијата „Досиејата Рокфорд“. Доби награда за животно дело од колегите - Здружението на актери.

* * *

Бизарна ситуација по смртта на радио-легендата Кејси Кејсем. Почина во јуни, но ќерката Кери тврди дека помајката Џин не сака да каже каде е погребан. Џин, пак за Еј-Би-Си кусо изјави дека телото на Кејси - не исчезнало.

* * *

Најновото продолжение на „Планетата на мајмуните“ веќе втора недела по ред владее во кино-салите - најгледан филм со заработувачка од 36 милиони долари. На второто место футуристичката драма „Чистка - анархија“, а на третото, новиот филм од анимираната серија „Авиони“.

XS
SM
MD
LG