Човекот што ја воведе секојдневната физичка активност како норма во САД, гуруто на вежбањето, Џек Лалејн, почина на 96-годишна возраст. Лалејн најголем дел од животот го мина во тренерки, водејќи емисија што промовираше секојдневно вежбање. Беше познат и по рекламите за апарати за цедење природни сокови. Вежбаше се` до последните денови на животот.
* * *
Кралицата на разговорните емисии обелодени бомбастична вест. Опра Винфри објави дека има полусестра. Жената се вика Патриша. Мајка и` на Опра ја дала на посвојување пред 47 години. Опра и патриша за прв пат се сретнале на семејниот празник во САД - Денот на благодарноста, минатиот ноември.
* * *
Доналд Трамп ќе стане дедо. Ќерка му Иванка објави дека е во блажена состојба. Иванка и сопругот, инвеститорот Џаред Кушнер се венчаа во октомври во 2009-та.