Линкови за пристапност

Холивуд во минута: За За Габор води битка против гангрена


Холивуд во минута: За За Габор води битка против гангрена
Холивуд во минута: За За Габор води битка против гангрена

Лекарите се обидуваат со антибиотици да спасат дел од ногата на За За Габор

Aктерот Пит Постелтвајт ја загуби битката со ракот. Опишан како најдобар актер во светот од режисерот Стивен Спилберг, овој некогашен кандидат за Оскар во 2004-та ја доби почеста да стане офицер на Британската империја во 2004-та. Постелтвајт имаше 64 години.

Лекарите се обидуваат со антибиотици да спасат дел од ногата на За За Габор. Можеби ќе мораат да извршат хируршки зафат поради почеток на гангрена. 93-годишната актерка веќе некое време има здравствени проблеми.

Дејвид Аркет се пријави за болнички третман против зависност од алкохол и депресија. По неодамнешниот развод од актерката Кортни Кокс, со која беше осум години во брак, неговиот живот фати вртоглаво надолна линија, вклучувајќи и јавувања во радио-програми за да изнесе интимни детали од нивната врска.

Врската ја раскинаа и актерите Меколи Калкин и Мила Кунис, по осумгодишно заедничко живеење. Извори велат дека не се заедно од пред неколку месеци, но веста ја држеле во тајност се` до промовирање на новиот филм во која настапува Кунис, „Црниот лебед“.

XS
SM
MD
LG