Актерот Џони Дип во 2010-та им донел најмногу пари на продуцентите, благодарение на хитовите „Алиса во земјата на чудата“ и „Турист“. На второто место е Анџелина Џоли, негова партнерка во „Турист“. На листата први пет највносни актери се Роберт Дауни Џуниор, Мет Дејмон и Стив Карел.
Научно-фантастичниот дил „Аватар“ на режисерот Џејмс Камерон најмногу заработил изминатата година – 477 милиони долари. На второ место се најде „Приказна за играчките“ – трето продолжение со 415 милиони долари.
А најгледан филм за новогодишниот викенд во кино-салите во САД е комедијата „Малите Фокерови“ со Роберт де Ниро и Бен Стилер - инкасираше 26 милиони долари и веќе втора недела по ред е најгледан. Вестерн-римејкот „Вистинска решеност“ со Џеф Бриџис е на второ место со заработени 24 милиони долари.