Линкови за пристапност

Домашно тестирање за ХИВ


Американската агенција за храна и лекови го одобри продавањето на тестот што ќе се појави на пазарот во октомври.

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард вели дека „млакото“ опоравување на американската економија може да биде забавено од два проблема: европските економски грижи и американскиот политички ќорсокак.

Таа рече дека финансиските проблеми во Европа може да ја погодат американската економија со намалување на довербата кај потрошувачите и бизнисите, како и со намалување на побарувачката на американски производи.

Зборувајќи во вторник со новинарите во Вашингтон, Лагард рече дека американската економија веројатно ќе забележи стапка на растеж од два проценти, и нешто повеќе во 2013-та.

Таа кажа дека американската Централна банка многу сторила за зајакнување на домашната економија, но може и мора да стори повеќе.

Експерти од ММФ велат дека Вашингтон треба да продолжи да инвестира во обука на кадар за нови работни места за заживување на економијата, но мора да го намали дефицитот во блиска иднина.

ММФ вели дека за намалувањето на дефицитот ќе биде потребно продолжување на кратењата во владиното трошење, како и зголемување на даноците, но двата чекори се политички непопуларни и водат до политички ќорсокак во Конгресот.
XS
SM
MD
LG