Американската државна секретарка Хилари Клинтон замина од САД на турнеја по неколку држави во разни делови од светот. Најпрво во Франција ќе присуствува на меѓународна конференција за состојбата во Сирија, потоа заминува за Азија на регионален состанок, и на враќање ќе застане на Блискиот исток, каде на агендата е средба со новиот египетски претседател и разговори во Израел.
Клинтон во Париз ќе учествува на средбата „Пријателите на Сирија“ – група нации кои се обудуваат да стават крај на кризата во оваа арапска земја. Оттаму, патува за Токио, каде в недела ќе се одржи меѓународна донаторска конференција за Авганистан.
За време на престојот во Азија, Клинтон ќе ја посети Монголија, Виетнам, Лаос, Камбоџа и ќе биде дел од безбедносниот состанок на нациите од Југоисточна Азија.
Крајни станици пред да се врати во САД се Египет и Израел.