Линкови за пристапност

Здравје: Бремените жени и лекови против болка


Во САД постои проблем на прекумерно препишување на лекови против болка. Појавата е загрижувачка кај сите старосни групи, но она што посебно алармира е што се` повеќе идни мајки се зависни од овие лекови.

Во породилните одделенија во американските болници лекарите се` повеќе гледаат мајки зависни од лекови против болки што се даваат на рецепта.

Д-р Стивен Патрик од Универзитетот во Мичиген вели дека проблемот е сериозен: „Најдовме дека од 2000-та до 2009-та, бројот на бебиња кои имаат проблеми заради ова е зголемен за три пати. И не само тоа. За пет пати е зголемен бројот на мајки кои за време на породување користеле опијати“

Американските центри за контрола на болести и превенција злоупотребата на лекови против болки на рецепта го нарекуваат „најбрзо растечки проблем со лекови во САД“.

Опијатите кои најчесто се користат, се лекови против болки како оксикодон, но и илегални дроги како хероин.

Д-р Патрик вели дека бебињата родени со овие супстанци во нивниот систем имаат поскап и посложен престој во болница заради тоа што минуваат низ период познат како неонатален синдром на апстиненција.

„Заеднички симптом на овие бебиња е иритабилност, тешкотии во хранењето,тешкотии во дишењето, и овие бебиња многу често се раѓаат со мала тежина“, вели тој.

Тоа што не се знае е дали овие бебиња ќе имаат долготрајни здравствени последици. Друг проблем е што овие бебиња може да имаат потреба од истите лекови што зависниците од дрога ги примаат – како метадон – додека бебето не се одвикне од опијатите. Но, бидејќи е мало, смрт од предозирање е реална опсност. Плус, кога бремена жена користи опијати, зголемени се шансите за раѓање на мртво бебе.

Експертите сега се обидуваат да го свртат вниманието на владата за проблемот. Додека не се стори нешто на тоа ниво, д-р Патрик ги советува жените да се ослободат од опијати пред да забременат.

XS
SM
MD
LG