Линкови за пристапност

Четириесет милиони луѓе оштетени со лоша болничка грижа


Нова студија вели дека најнебезбедна медицинска нега добиваат пациенти во држави со ниски и средни примања

Истражувањата се направени од податоци содржани во 4.000 студии кои се однесувале на инстанци на субстандардна болничка нега ширум светот.

Ашиш Јах, професор по здравствена политика при Универзитетот Харвард во Бостон раководел со истражување:

„Подолго време се сомневавме дека се работи за значителен проблем што голем број пациенти се соочуваат со небезбедна медицинска нега, медицински грешки и други непријатни работи кога одат во болница. а пациентите, кога ќе одат во болница “

Јах и колегите од Светската здравствена организација во Женева и организацијата РТИ Интернешенал, во Дурам, Северна Каролина, нашле дека речиси 26 милиони случаи на небезбедна медицинска нега се случуваат во болници во земјите во развој. Останатите 16,8 милиони вакви случаи се во западните земји.

Водечка причина за компликации по болниците во држави со ниски примања се згрутчувањата на крвта, зашто пациентите не се движат доволно кога подолго време престојуваат во болниците.

Грешки со лековите се најчест вид на пропусти во болниците на Запад.

Јах вели дека не се работи за лошо медицинско образование во земјите во развој. Напротив, тој мисли дека е проблематичен начинот на кој се дава медицинската грижа:

„Здравствената грижа стана покомплексна. Стана поопасна. Лековите има странични ефекти. Има многу болни пациенти по болниците кои имаат инфекции и повеќето организации ширум светот не обрнуваат внимание на овие прашања“.

Јах вели дека блиските на пациентите малку можат да сторат за нивната безбедноста додека се во болница. Одговорноста е кај болнички установи. Тој и неговите колеги во извештајот повикуваат на внимание по прашањето за подобрување на безбедноста на здравствените системи, но во исто време и за поголема пристапност до нив.

Извештајот е објавен во Журналот BMJ Quality & Safety.
XS
SM
MD
LG