Линкови за пристапност

Шест милиони лица во САД добија здравствено осигурување


На првиот ден во годината влезе во сила реформскиот закон познат како Обамакеар

Околу шест милиони Американци имаат ново здравствено осигурување, како дел од националните реформи во оваа сфера кои денеска стапуваат во сила.

Владата објави дека по тромесечниот проблематичен процес за пријавување на интернет-страницата, повеќе од 2 милиони лица биле во можност да купат ново приватно осигурување до истекувањето на рокот за тоа, крајот на декември. Новото здравствено осигурување е дел од значајна легислатива на претседателот Обама, законот за достапно здравствено осигурување што предизвика голема контроверза, познат како Обамакеар.

Со помош на владата, многу луѓе во САД ќе имаат за прв пат здравствено осигурување. Претходно, многумина од новоосигурените не беа во можност да си дозволат одредени планови или беа одбиени од осигурителните компании заради здравствената состојба во која се наоѓале овие лица, што осигурителните компании ги оцениле како прескапи за третирање.

Како дополнување, речиси 4 милиони луѓе се регистирале за владината програма за здравствена грижа за посиромашни Американци, Медикеид. Сега таа програма е проширена на речиси половина од земјата и повеќето од трошоците ги покрива националната влада.
XS
SM
MD
LG