Линкови за пристапност

Чекор напред во плановите за џамија на Граунд зиро


Седиштето на Светскиот трговски центар во центарот на Њујорк е познат како граунд зиро по терористичките напади на 11-ти септември 2001 во Њујорк, при што беа урнати кулите-близначки

Плановите за изградба на џамија на локацијата на некогашниот Светски трговски центар во Њујорк надминаа уште една пречка со одлуката на градски орган да не се дава статус на специјално заштитен објект на соседна зграда.

Комитетот на Њујорк за заштита на културното наследство едногласно изгласа зграда од 1850-та, што архитектите сакаат да се урне со цел на тоа место да се изгради Центар на исламската заедница и џамија, да нема повластен статус на знаменитост.

Седиштето на Светскиот трговски центар во центарот на Њујорк е познат како граунд зиро по терористичките напади на 11-ти септември 2001 во Њујорк, при што беа урнати кулите-близначки.

Плановите за изградба на џамија во непосредна близина наидоа на критика од оние кои сметаат дека е неучтиво спрема жртвите на нападот од исламистички екстремисти.

Поддржувачите на проектот велат дека тој само ќе помогне да се надминат мостовите на поделба меѓу Западот и муслиманскиот свет.

XS
SM
MD
LG