Линкови за пристапност

Исламски центар во близина на „граунд зеро“?


Исламски центар во близина на „граунд зеро“?
Исламски центар во близина на „граунд зеро“?

Имамот Фајсал Абдул Рауф раководи со иницијативата за Центарот. На јавниот распит на кој владееше вжештена атмосфера тој порача дека Центарот ќе биде отворен за сите – не само муслиманите

Се работи за навидум едноставно прашање – дали муслиманска организација што поседува објект на две улици од „граунд зиро“, ќе успее во намерата да го претвори во 13-катен исламски центар за молитви и собирање на локалната заедница? Како сопственик, има право, но тоа не ги замолкна противниците.

„`Граунд зиро` е воен споменик и идејата во близина на местото каде загинаа илјадници да се подигне џамија е навредувачка, понижувачка“, вели Памела Гелер, која е на чело на организацијата „Стоп за исламизацијата на Америка“

Имамот Фајсал Абдул Рауф раководи со иницијативата за Центарот. На јавниот распит на кој владееше вжештена атмосфера тој порача дека Центарот ќе биде отворен за сите – не само муслиманите.

„Ние исто сме родители, и немаме поголема желба освен да ги подигнеме нашите деца, кои ги сакаме, исто како што ги сакаме и вашите“, рече Рауф.

Имамот тврди дека центарот нема првенствено да биде џамија и коментира дека противниците патат од исламофобија дека муслиманите имаат симпатии за тероризмот.

Реакциите се дијаметрално спротивни. Повеќето од половина њујоркчани се против центарот, според најнова анкета. Имамот порекнува дека има врски со исламски екстремисти, како што тврди републиканскиот конгресмен Рик Лацио. Еден од њујоркчаните анкетирани на улица е дециден: „Ова е плуканица врз лицето – одете градете на друго место, зошто токму тука?“ Поддржувачите, пак, тврдат дека токму таму треба да се подигне центарот, за да се разбијат предрасудите за исламот.

XS
SM
MD
LG