Линкови за пристапност

Експлозија на бомба пред Централната банка во Атина


Нема повредени; на само неколку часа пред Грција да се врати на меѓународниот пазар на обврзници.

Во Атина утрово одекна бомба пред Централната банка, на само неколку часа пред Грција да се врати на меѓународниот пазар на обврзници.

Во нападот биле скршени прозорците, но немало повредени, соопшти полицијата.

Околу еден час пред експлозијата, весник и Интернет-портал примиле анонимни повици со предупредување за експлозијата. Засега никој не презел одговорност.

По првпат од 2010-та, Грција денес понуди шетгодишни владини обврзници на пазарот. Земјата започна да прима помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд откако нејзината економија доживеа колапс пред четири години. Помошта ја врати од работ на банкротство, но затоа владата мораше да воведе строги мерки на штедење и поголеми даноци, што наиде на противење во грчката јавност.
XS
SM
MD
LG