Линкови за пристапност

Средба за името со посредство на Нимиц кон крајот на јануари?


Средба за името со посредство на Нимиц кон крајот на јануари?
Средба за името со посредство на Нимиц кон крајот на јануари?

Агенцијата ја пренесува изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски дека македонската страна веднаш ја прифатила поканата од Нимиц за нова средба, но се чекал одговор од Грција.

Од канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН велат дека амбасадорот Метју Нимиц е во постојан контакт со Македонија и Грција за одржување на средба за името, веројатно во јануари. Тој ќе ја следи својата досегашната пракса и ќе ја најави средбата кога датумот дефинитивно ќе биде утврден, наведуваат во Светската организација.

Претходно, повикувајќи се на макеоднското Министерство за надворешни работи, МИА објави дека Нимиц на 27-ми јануари во Њујорк ќе се сретне со преговарачите на Македонија, Зоран Јолевски, и на Грција, Адамантиос Василакис. Агенцијата ја пренесува изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски дека македонската страна веднаш ја прифатила поканата од Нимиц за нова средба, но се чекал одговор од Грција.

XS
SM
MD
LG