Европската комисија соопшти дека Грција добила 18 милијарди долари заем за спас од членки на ЕУ како помош за надминување на финансиската криза.
Одделувањето на итниот заем доаѓа еден ден пред крајниот рок за Атина да врати 10,6 милијарди долари во обврзници.
Луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер, кој е на чело на министрите за финансии на ЕУ изрази верба дека „Грција е на вистински пат“.
Грчката финансиска криза и заканата од неа по другите земји во еврозоната ја принудија ЕУ и ММФ месецов да подготват финансиски пакет за излез од кризата во висина од 145 милијарди долари за Грција, во замена за големи кратења на трошоците од страна на Атина.
Најавите за кратења на трошоците во Грција предизвикаа демонстрации што делумно се претворија во насилни и воедно покренаа прашања за способноста на владата да најде излез од кризата.