Линкови за пристапност

Грција преговара со ЕУ, ММФ за помош за долгот


Заедничкиот пакет-помош на ЕУ и ММФ е во вредност од околу 61 милијарда долари

Грчката влада започна разговори со претставници на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во Атина за условите на итната помош за спас од задолженоста.

Се очекува разговорите да траат 10 дена и да бидат насочени на одредбите, условите и каматните стапки што би важеле доколку Грција побара помош. Разговорите требаше да почнат понеделникот, но беа одложени поради застојот во авионскиот сообраќај како резултат на исландскиот облак со вулкански чад што се рашири низ Европа.

Заедничкиот пакет-помош на ЕУ и ММФ е во вредност од околу 61 милијарда долари.

Грчки официјални лица, надевајќи се дека сепак не ќе мора да се потпрат на пакет-помош од милијарди долари за спас од задолженоста, преземаат мерки да го прифатат пакетот само како средство во случај на итна ситуација.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу минатиот петок рече дека неговата држава останува определена самата да се обиде да најде спас од кризата.

Европските министри за финансии на минатонеделната средба во Мадрид потврдија дека Грција не побарала дополнителна помош.

И покрај серијата рестриктивни мерки за намалување на буџетските издатоци, Грција има проблеми да го врати долгот од 70 милијарди долари. Официјална Атина до крајот на следниот месец треба да најде и да врати околу 15 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG