Линкови за пристапност

Гугл-очила за проширена реалност


Служат како екран од кој со гласовни команди може да ги користите Интернет-услугите на компанијата.

!--IMAGE-LEFT--> По двегодишно истражување, Интернет-гигантот Гугл го обелодени прототипот на дигитални очила.

Видео-снимката објавена на страницата Гугл+ покажува како Интернет-услугите на компанијата може да ви станат достапни на леќите од очилата, создавајќи своевидна проширена реалност. Директно од очилата, кои служат како екран, со помош на гласовни команди, може да фотографирате, да водите видео-разговор, или пак да следите упатства како да стигнете до целта на вашето патување.

Видеото е снимено од перспектива на лицето кое ги носи очилата.

Гугл бара од своите следбеници да дадат мислење за производот со очигледен футуристички акцент. Очилата се дело на групата иноватори во компанијата која работи на повеќе истражувачки проекти, како автомобили што не треба да се управуваат.

XS
SM
MD
LG