Линкови за пристапност

Социјална мрежа - филм со најмногу награди Златен глобус


Социјална мрежа - филм со најмногу награди Златен глобус
Социјална мрежа - филм со најмногу награди Златен глобус

Во категориите за најдобар мјузикл и комедија, Златен глобус освои Анет Бенинг, каде играше мајка-лезбејка во филмот „Децата се добро“ и Пол Гиамати во филмот „Верзијата на Барни“.

„Социјална мрежа“, филм за подемот на интернет феноменот Фејсбук освои најмногу награди Златен глобус во Калифорнија. Филмот освои четири, меѓу кои и во престижната категорија за драма.

Филмот „Социјална мрежа“ го истражува подемот на милти-милијардерска идеја на студентот од универзитетот Харвард, Марк Зукерберг, кого го игра Џеси Ајсенберг.

„Социјална мрежа“ беше одликуван и за режија и оргинално сценарио.

Натали Портман доби Златен глобус за најдобра женска улога како балерина, која запаѓа во лудило во психолошкиот трилер „Црниот лебед“.

Колин Фирт беше именуван најдобар актер за улогата на британскиот крал Џорџ VI во филмот „Говорот на кралот“. Филмот е базиран на приказна од вистинскиот живот за крал кој добивал помош од терапевт за говор во време на неговото искачување на тронот.

Фирт беше номиниран за Златен глобус и за Оскар и минатата година за улогата во филмот „Самец“. Тој не освои ниту една награда, но и` се заблагодари на асоцијацијата на странски новинари од Холивуд за нивниот избор годинава.

Во категориите за најдобар мјузикл и комедија, Златен глобус освои Анет Бенинг, каде играше мајка-лезбејка во филмот „Децата се добро“ и Пол Гиамати во филмот „Верзијата на Барни“. Гиамати по победи Џони Деп кој беше номиниран за два филма – „Турист“ и во „Алиса во земјата на чудата“.

Кристијан Бејл беше номиниран за најдобра споредна улога во филмот „Боксер“. Мелиса Лио, која ја игра мајката на Бејл, исто така беше номинирана за најдобра споредна женска улога.

Таа ја искористи манифестацијата да и` се заблагодари на мајка и`:

„Благодарам на Јужна Калифорнија, домот на мојата мајка, нејзината мајка, па на нејзината мајка. Мамо, освоив Златен глобус!“

Златни глобуси беа доделени и за телевизиски серии. Најдобра телевизиска драма е „Империја на шеталиштето“ додека најдобра мјузикл и комедија е серијата „Гли“. Ал Пачино и Клер Дејнс освоија Златни глобуси за телевизиски филмови.

Роберт де Ниро беше одликуван за животно остварување во неговите досегашни филмски улоги.

Сезоната на награди во Холивуд ќе кулминира со Оскарите на 27-ми февруари. Оскарите се сметаат за највисоки одликувања во американската филмска индустрија.

XS
SM
MD
LG