Линкови за пристапност

Форд и Џи-Ем со поголема продажба во САД и Кина


Џенерал Моторс обелодени дека американската продажба пораснала за 5,4 проценти во јули споредено со пред една година

Два од најголемите американски автопроизводители велат дека нивната продажба бележи пораст во САД и во Кина.

Џенерал Моторс обелодени дека американската продажба пораснала за 5,4 проценти во јули споредено со пред една година.

Џи-Ем соопшти дека продажбата на најпознатите четири марки – Шевролет, Бјуик, Џи-Ем-Си и Кадилак минаа многу добро, и ја зголемија продажбата за 25 проценти. Продажбата на Џи-Ем и други брендови, кои беа продадени или престанаа да се произведуваат, забележаа драстично намалување.

Форд јави дека само во јули продажбата се зголемила за 3,1 отсто споредено со лани, при што има зголемена побарувачка за камионети.

Претходно, Џи-Ем и Форд јавија дека продажбата на нивните кинески марки е добра, но забавена.

Џи-Ем јави дека кинеската продажба пораснала за 22 проценти во јули споредено со истиот период лани, но е забавена за 45 проценти стапката на растеж во првите седум месеци од годината.

Форд јави дека севкупната кинеска авто-продажба пораснала за 8 проценти во јули, споредено со 38 проценти во првите седум месеци од 2010-та.

XS
SM
MD
LG