Најголемиот американски автопроизводител, Џенерал Моторс, направи профит од 865 милиони долари во првите месеци од годинава.
Ова е прв квартал со профит во последните три години за компанијата што уследи по десетиците милијарди долари заем што владата и` ги додели за реорганизирање и спас од банкротство.
Профитот е голема пресвртница споредено со истиот период пред една година кога компанијата покажа загуба од шест милијарди долари.
Банкротирањето на компанијата што западна во тешкотии и` помогна да се ослободи од голем дел на долгот, да го прекине производството на непрофитните модели и фабрики и да ги намали трошоците за работна сила. Компанијата го врати заемот од милијарди долари пред предвидениот рок.
Официјални лица велат дека новите модели добро се продаваат.