Линкови за пристапност

Исламската држава и климатските промени - најголеми закани


Според најново истражување на Пју

Исламската држава и климатските промени, се најзагрижувачки глобални закани во 2017-та, според најновото истражување од Центарот Пју.

Истражувањето било спроведено во 38 држави во светот. Испитаниците одговараа на прашалник на осум теми: Исламската држава, климатските промени, глобалната економија, кризата со сириските и ирачките бегалци, како и заканите од руско, американско, кинеско влијание и моќ и интереси.

Исламската држава и климатските промени беа идентификувани како главни закани за околу 60 проценти од испитаниците.

Центарот Пју објави дека Исламската држава е најголема закана за 18 држави, повеќето од нив, концентрирани на Блискиот Исток, Европа и Азија, места кои честопати беа мета на терористички напади изминатата година.

Климатските промени се идентификувани како водечка закана во 13 држави, претежно во Јужна Америка и суб-Сахарска Африка. Во Европа и Азија, на климатските промени се гледа како на втора по важност глобална закана по човештвото.

Во САД, само 56 отсто од анкетираните, на климатските промени гледаат како на загрижувачки феномен, се наведува во истражувањето.

Русија, како главна закана по наводното мешање во претседателските избори во 2016-та, претставува загриженост за испитаниците во истражувањето на јавното мислење во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG