Линкови за пристапност

Нагол пораст на терористички напади и жртви


Извештај на австралискиот Институт за економија и мир

Нов извештај укажува дека бројот на загинати во терористички напади пораснал за преку 60% од 2012-та до 2013-та, најмногу поради немирите на Блискиот Исток и во Нигерија.

Според податоците на австралискиот Институт за економија и мир, во 2013-та од тероризам загинале 17.958, што е за приближно 7.000 повеќе од пред една година. Институтот, во својот Индекс за глобалниот тероризам, наведува дека над 80% од загинатите се во пет држави – Ирак, Сирија, Нигерија, Авганистан и Пакистан. Бројот на терористички напади се зголемил за над 40%. Институтот елаборира дека причините за ваквиот тренд се комплексни, но дека организациите одговорни за најголемиот број на загинати имаат корени во фундаменталистичкиот ислам. Според австралиската институција, верската идеологија е доминантна мотивација за тероризмот во Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија. На четири организации - Исламската држава, Боко харам, Ал-Каида и Талебан - отпаѓаат 66% од жртвите од тероризмот.

XS
SM
MD
LG