Линкови за пристапност

Гингрич се повлече од трката за претседател на САД


Неговата кампања заврши без поголем успех, но со голем долг

Поранешниот претседател на Претставничкиот дом и официјално се повлече од трката за републиканската претседателска номинација откако победи на прелиминарните избори во само две сојузни држави и заврши со долг од 4, 3 милиони долари.

Њут Гингрич го означи крајот на трката за Белата куќа недалеку од Вашингтон и им рече на поддржувачите дека имал „извонредна година“.

Гингрич им се заблагодари на повеќето од 179.000 донатори кои му помогнале во кампањата. Тој се наметна на листата на сериозни кандидати по победата во Јужна Каролина, но неговата кампања спласна по прелиминарните избори во Флорида. Последен пат извојува победа во Џорџија во март. Минатата недела загуби на прелиминарните избори во пет сојузни држави.

XS
SM
MD
LG