Линкови за пристапност

Напаѓачот на аеродромот во Франкфурт гневен поради војната во Авганистан


Напаѓачот на аеродромот во Франкфурт гневен поради војната во Авганистан
Напаѓачот на аеродромот во Франкфурт гневен поради војната во Авганистан

Отворил оган на војниците откако најпрвин ги запрашал дали се на пат за Авганистан

Германските обвинители кои вршат истрага за убиството на двајца американски војници на аеродромот во Фрнакфурт, велат дека напаѓачот ги нападнал Американците поради тоа што бил гневен на војната што под американско раководство се води во Авганистан.

Според обвинителот Рајнер Грисбаум, 21-годишниот напаѓач Арид Ука од Косово рекол дека за бил поттикнат откако на Интернет ден пред убиствата видел снимка на која, како што навел, американски војници вршеле рација во дом во Авганистан. Ука наводно рекол дека сакал да спречи такви операции во иднина.

Обвинителот кажа и дека осомничениот изјавил дека додека работел на аеродромот, честопати слушал како американски војници се фалеле за крвави чинови што требало да ги извршат во Авганистан.

Ука наводно пред нападот му пристапил на возачот на автобусот, барајќи цигара. Откако прашал дали војниците се на пат за Авганистан, тој го застрелал војникот кој одговорил потврдно во задниот дел од главата. Потоа се качил во автобусот извикувајќи „Алаху Акбар“, што на арапски значи „Господ е голем“, по што го убил возачот, исто така застрелувајќи го во пределот на главата. Обвинителот вели дека Ука се обидел да убие и трет војник во главата, но пиштолот му се заглавил. Во инцидентот имаше и двајца повредени војници.

Германските власти веруваат дека Ука бил радикализиран преку Интеренет и дека нема индикации за негова поврзаност со терористички групи. Грисбаум сепак подвлекол дека инцидентот без оглед на тоа ја подвлекува опасноста од самостојно делување на исламистите.

XS
SM
MD
LG