Линкови за пристапност

Убиени двајца американски војници во Франкфурт


Убиени двајца американски војници во Франкфурт
Убиени двајца американски војници во Франкфурт

Германските власти го идентификуваа напаѓачот како 21-годишник од Косово

Американското воздухопловство соопшти дека двајца негови членови биле убиени, а двајца повредени во напад извршен на Меѓународниот аеродром во Франкфурт.

Вооружено лице отворило оган врз автобус што ги пренесувал војниците во близина на терминалот број 2 на аеродромот, соопшти германската полиција.

Воздухопловството во своето соопштение за инцидентот наведува дека германските власти го уапсиле напаѓачот. Податоците за загинатите се чуваат во тајност се` додека не бидат известени нивните семејства.

Германски локални претставници го идентификуваа напаѓачот како 21-годишник од Косово. Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи за Гласот на Америка изјави дека германската полиција го информирала дека се работи за Ариф Ука, косовски граѓанин од Митровица.

Реџепи изрази длабоко жалење за инцидентот и кажа дека косовските власти вршат истрага. Според него, засега е нејасно дали инцидентот бил чин на тероризам.

Американскиот претседател Барак Обама кажа дека ожалостен и шокиран од нападот. САД ќе сторат се` за да дознаат како дошло до него и ќе работат со германските власти на тоа сите одговорни да бидат изведени пред правдата, рече Обама.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази сочувство до семејствата на загинатите и рече дека нејзината влада ќе стори се` да открие што се случило.

XS
SM
MD
LG