Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман рече дека полицијата открила рачно изработено знаме на Исламската држава во личните работи на тинејџерот кој со секира и нож изврши крвав напад во воз. Седум лица се повредени, двајца се наоѓаат во критична состојба.
ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот. Во соопштение пренесе дека напаѓачот е член на Исламската држава и го планирал нападот по повикот од организацијата за „напади врз западните држави“
17- годишникот бил бегалец од Авганистан и живеел во германскиот град Озенфурт. Полицијата го застрелала кога се обидел да избега од местото на злосторството.