Тексашкиот Оддел за криминална правда вели дека планира да го замени пентобарбиталот со содиум тиопентал во коктелот од три супстанци што се употребува при егзекуциите. Во Тексас најмногу се спроведуваат смртни казни во САД и следната егзекуција е закажана за 5 април. Одделот го користи содиум тиопенталот веќе три децении.
Пентобарбиталот вообичаено се користи за евтаназија на животни и преживел судски постапки во државата Оклахома, во случаи кога се употребува за извршување смртни казни.
Државата Џорџа во меѓувреме ги откажа сите егзекуции откако федерални агенти во вторник ги запленија сите резерви на седативот што се користи во смртоносните инјекции поради загриженост за потеклото на тие супстанции.
Моќниот седатив го нема доволно во САД оркако единствениот американски производител го запре производството.
Лекот потоа се увезувал од Британија, но тогаш се отвори прашањето за болката што ја предизвикува вака изведената смртна казна. Критичарите тврдат дека застарените или фалсификувани лекови може да им нанесуваат непотребно страдање на осудениците за време на егзекуцијата.
Портпаролот на канцеларијата на главниот јавен обвинител на сојузната државата Џорџа изјави дека сите закажани егзекуции се откажани и дека најверојатно нема да бидат спроведени се` додека прашањето правно не се разреши.